Кристијан Бејли продаде дел од своите акции во Барбери

23 август 2014

Оваа година се чини дека модниот бизнис се соочува со финансиски проблеми. Најновата вест која што ја „потресе“ модната индустрија вчера беше пласирана низ медиумите, а тоа е дека Кристофер Бејли продал дел од акциите кои поседува како еден од сопствениците на модниот гигант Барбери. Своето место на еден од актуелните сопственици во компанијата си го обезбеди со трансакција во висина од 5,2 милиони фунти или девет милиони американски долари.

Неодамна, името на Кристофер Бејли се поврзуваше со звучни имиња на инвеститори кои воопшто не беа задоволни од начинот на кој тој ја менаџира и води компанијата. Инвеститорите изразија голема загриженост во моментот кога дознаа колкава е висината на месечните примања на дизанејрите, а колку на Бејли. Како ќе се одвиваат работите во иднина останува да видиме.

 

Објавено:
23 август 2014
Категорија: 
Актуел