Криза во „Барбери“

14 јуни 2016

Светските модни медиуми деновиве постојано информираат за состојбата во модната куќа „Барбери“, која според написите, воопшто не е добра.

Деловните извештаи не се позитивни, а притисокот врз Кристофер Бејли (45) е сѐ поголем. Имено, изминативе месеци, финансиската ситуација оди надолу. Медиуми објавија информација дека платата на Бејли, кој важи за еден од најдобро платените креативни директори во Британинја, е намалена за дури 75 проценти (од 7.5 милиони на 1.9 милиони фунти), а кулминацијата на лошиот развој е отказот на директорот Џон Смит. После седум години, тој ја напушта лондонската модна куќа и се врти кон други можности.

„Гардијан“ ваквиот развој на настаните ги гледа низ призма на способностите на Бејли, за што веруваат дека земал и преголем товар врз себе, а не знае како да го менаџира.

Кристофер Бејли

Ситуацијата се оценува како алармантна, особено ако се има предвид дека „Барбери“ до 2013 година беше на врвот на успешност по сите критериуми. Во тоа време, Кристофер Бејли се покажа како одличен избор, прогресивен дизајнер кој умее да ги препознае потребите на современата жена.

Тој започна неколку проекти истовремено (кожена галантерија, парфеми, облека), а при промоцијата на истите одбираше кул британски девојки и момци.

Ревиите на „Барбери“ се едни од омилените, токму поради изведбата во живо и поддршката на младите инди музичари што дизајнерот им ја овозможи.

Дека Бејли е важен синџир во развитокот на „Барбери“, можеби и најважен после легендарниот мантил, покажува и тоа колку лесно тој се прилагоди на дигинатлните потреби на современото време и бизнис, како и директната комуникација со купувачите преку социјалните мрежи.

Неговите мисли во реалност ги остваруваше Анџела Ахрендтс, која од 2006 до 2014 година беше на директорската позиција во брендот. Таа се грижеше за деловните стратегии, пробивањето на нови пазари и создавање на нови деловни можности, а Бејли возврати со непресушна креативна енергија и свежи идеи.

Инаку, Ахрендтс е позната како продорна и нескротлива деловна жена, која за време на својата работа во „Барбери“ успеа да оствари раст на профитот во износ од 5 милијарди долари! Тој успех ѝ донесе годишна плата од 26 милиони фунти, со што во 2012 година беше најплатениот директор во Британија.

Анџела и Кристофер

Денешното време носи притисок што многумина ги „меле“. Мора да се биде брз, инспирацијата да не пресуши, да се разработува продажбата, да се задржат естетските стандарди на брендот, а да се биде иновативен... Голем број дизајнери не успеаја да издржат и нивните кариери или стагнираа или земаа сосема нов правец. Да се потсетиме само на Галијано, Рик Овенс, Жан Пол Готје...

Со таков предизвик се соочува сега Бејли. „Климавиот“ кинески пазар, Америка, како и терористичките напади во Европа, му зададоа удар и тоа пред сѐ економски.

Обид да се намали губитокот имаше и преку можноста парчињата да се купуваат веднаш по прикажувањето на ревијата. Тимот тогаш објасни дека се губи премногу време со чекањето на најновите парчиња, особено имајќи предвид дека дел од клиентите ги сакаат веднаш.

Сепак, ниту ова даде некое подобрување. Доказ за тоа е и информацијата дека и сестринските брендови – „Барбери Прорсум“, „Барбери Брит“ и „Барбери Лондон“ до крајот на годинава ќе се обединат само под „Барбери“.

Медиумите, оправдано или не, зборуваат за доаѓањето на нов креативен директор. Финансиски аналитичар од сајтот „BOF“ упати директна критика кон Бејли, со совет веднаш да се тргне, пред да биде предоцна.

Според него, неподготвеноста на честите промени на пазарот на Бејли не се под знак прашалник. Тој во моментов ги поминува најтешките мигови од својата кариера, па прашање е кој ќе му помогне да исплива сигурен после бурата. И тој и брендот.

Објавено:
14 јуни 2016
Категорија: 
Стории
Прочитано:
939 пати
Извор: 
Buro 24/7.hr