Демиен Хирст за Александар Меквин

14 август 2013

Александар Меквин го одбра уметникот Демиен Хирст, за да креира лимитирана колекција на марами со која ќе го означи десетгодишното постоење на модната куќа. Модниот свет познат по марамите со фенси дезени, кои се сакани и обожувани од многу ѕвезди ширум светот, ќе лансира специјална едиција на триесет високо квалитетни парчиња кои ќе го носат потписот на Хирст. Според  WWD овие марами ќе изобилуваат со принтови во духот на ентомологијата, па така главните дезени ќе имаат слики од пеперутки, црви, пајаци и секако, мртовечки черепи кои се заштитен знак на Меквин.  Предводничката на брендот Сара Бартон вели дека избрале уметник на дизајн со кој имаат заедничка визија, каде што интересот на симетрични дизајни ги исполнува и отсликува силните референци во светот на модата. Марамите ќе бидат изработени од различни ткаенини и материјали, но предводници ќе бидат шифонот и кашмирот. Со продажба ќе почнат некаде од средината на ноември во сите салони на Александар Меквин, како и на он лајн продавницата, со цени почнувајќи од 400 евра.

 

 

Објавено:
14 август 2013
Категорија: 
Сцена