Бохо вибрации во ентериерот – зелени растенија, етно елементи и плетени детали

1 јуни 2018

Бохо естетиката е подеднакво актуелна во ентериерното уредување, колку и во модна смисла, особено во лето, пред се поради лежерниот и опуштен доем.

Овој начин на уредување на домот постепено стана доста популарен, благодарение на неговите карактеристики како што се доминантно природните материјали, зелените растенија, етно мотивите, плетените детали – што меѓусебе комбинирани создаваат шармантен, пријатен и топол амбиент.

Затоа ваквата естетика станува се поприсутна во модерните ентериери, но не само во уредувањето на домот, туку и кога се во прашање деловните простори.

Дополнителна предност кај овој тип на уредување е што може да искористите стари „заборавени", архаични елементи, што ги користеле нашите баби и дедовци и да им дадете нова естетска функција во современото уредување.

Објавено:
1 јуни 2018
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
493 пати