Dark Academia: Моќта на темните тонови во внатрешното уредување

22 јуни 2022

Едноставниот и светол скандинавски стил на внатрешно уредување веќе долго време доминира како тренд во оваа индустрија. Но во последен период сме сведоци на враќање на интересот за естетиката која на секаков начин му пркоси на скандинавскиот минимализам - Dark Academia.

Како што и самото име навестува, Dark Academia е стил на внатрешно уредување кој го става фокусот на темениот изглед, почнувајќи од темна боја на ѕидовите, па сè до темен мебел и темни украсни предмети.

Земајќи го ова предвид, Dark Academia не е за сечиј вкус, но затоа пак овој уникатен и моќен стил совршено би се вклопил во дом на љубители на викторијанската ера, уметност и книжевност. Покрај тоа, Dark Academia вклучува и елементи од класичната грчка и римска архитектура. Од аспект на материјали пак, овој стил се базира на масивно дрво и камен.

Вљубениците во овој класичен стил на уредување ги користат темните ѕидови како основа да играат со антиквитети како декорации, големи рамки за слики и огледала, стари и масивни парчиња мебел, темни драперии, библиотеки богати со книги или уметнички дела кои имаат моќ да додадат дополнителна слоевитост и „старинска" димензија на домот.

Секој кој одлучува да внесе елементи од Dark Academia во својот дом, одлучува да да се откаже од идејата за минимализам. „Што повеќе тоа подобро" е мотото на Dark Academia, а веќе и онака богатиот дизајн можете дополнително да го збогатите со додавање на големи зелени растенија кои ќе ги разбијат темните тонови на ентериерот.

Во прилог ви претставуваме неколку начини како можете да внесете темни тонови и класични елементи во важиот дом и да постигнете совршено Dark Academia чувство.

Сепак, колку и да се важни темните тонови во Dark Academia, не ја заборавајте важноста на природната светлина која има моќ да внесе баланс, освежување и позитивна енергија во мрачната прострија. Затоа посветете особено внимание на прозорците и завесите кои се исклучително важни за тоа колку светлина влегува во вашиот дом.

Објавено:
22 јуни 2022
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
303 пати