Различни нијанси на иста боја – ентериери со скандинавски шмек

30 август 2018

Скандинавскиот стил на уредување на ентериери е препознатлив по својот минимализам и функционалност, спакувани во високоестетски целини. Во тој контекст е и новиот тренд, актуелен на полето на дизајнот на ентериерите, т.н „tone to tone" тренд – што подразбира имплементирање во ентериерот различни нијанси на една иста боја.

Ваквиот принцип на уредување обезбедува софистициран и пријатен амбиент, што ќе ве релаксира. Со оглед на тоа дека во ентериерот уреден во ваков фазон доминираат нијанси на една боја, може да си поиграте со деталите или одредени парчиња мебел што ќе се издвојуваат.

Актуелни се комбинациите на земјени тонови што хармонично се спојуваат со природни материјали, како и виолетовите нијанси и минт тоновите, совршено надополнети со природна светлина.

Сивите тонови пак, важат за класика во ваквиот тип на декор и можеби се најблиско олицетворение на скандинавскиот дизајн. Издвоивме неколку впечатливи примери во кои е применет овој тренд на уредување.

 Фото извор: Пинтерест

Објавено:
30 август 2018
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
1.470 пати