Elena Luka Home на Саем на градежништво 2017

11 февруари 2017

На овогодинешниот Саем на грaдeжништвo што ќе се одржува од 28. февруари до 4. март во Метрополис Арената, компанијата Elena Luka Home ќе се претстави со нови проекти.

„На  Саемот на градежништво се претставуваме со нашиот комплекс ELHomes - EcoHomes со актуелната понуда на станови во изградба во објектот Business Homes. Задржувајќи го високиот квалитет на градба, функционалноста на секоја станбена единица, одличната позиционираност и енергетска ефикасност, нудиме ексклузивни промо пакети за време на одржувањето на саемот со уште еден актуелен пакет – деловен простор“, велат од компанијата.

Исто така, од Elena Luka Home велат дека за време на саемските денови ќе следуваат и специјални изненадувања и големи поволности за новите, потенцијални клиенти.

„Нашите клиенти, нивните потреби и можности се наш предизвик и мотив. Токму затоа, за време на 5-те саемски денови, секој клиент кој ќе се одлучи и купи свој нов „Elena Luka Home“ дом, ќе добие привилегија - истиот да го купи за ексклузивна цена, било да е двособен или трособен на било кој кат – од приземје до поткровје. Истото важи и за деловниот простор“, додаваат од Elena Luka Home.

Меѓународниот сaeм на грaдeжништвo, грaдeжни мaтeриjaли и грaдeжнa мeхaнизaциja, претставува значајна специјализирана манифестација која подразбира сестрана промоција на оваа стопанска гранка на производителите од Македонија и од странство.

Во рамките на Саемот на градежништво 2017, во Метрополис Арената и оваа година ќе се одржи Саемот за недвижности и инвестиции - RealExpo.

Објавено:
11 февруари 2017
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
302 пати