Elena Luka Home споделуваат неколку трикови како домот да ви изгледа уште поголем

18 септември 2020

Без разлика на тоа во каква квадратурна рамка е ставен вашиот животен простор, постојат начини со кои тој може да биде визуелно поголем.

Дури и најдобрите познавачи и стручњаци во областа, се користат со трикови за домот да изгледа попространо од тоа што реално е.

Дел од тие откриваат и од Elena Luka Home, кои ќе им бидат добредојдени посебно на оние што живеат во стан со мала квадратура, а ние ви ги пренесуваме во продолжение:

Совет број 1

За визуелно да го издолжите просторот, послужете се со вертикални парчиња мебел. Украсни полици кои можете да ги искористите за книги, пијалоци, украси и слично, се добар избор. Исто така можете да се послужите и со висечки лустер или некој друг висечки елемент, но тоа не значи дека насекаде во станот треба да наредите само вертикални парчиња мебел. Консултирајте се со стручно лице и одберете некое место каде што тоа ќе има најголем ефект и ќе се нагласи неговата функција.

 

Совет број 2

Да, така ќе направите подот да се гледа повеќе, ќе го ослободите просторот, наместо да го направите во рамка и да го загушите со ќилими од еден крај до друг.

 

Совет број 3

Наместо да се служите со врати, ѕидови или лизгачки врати кои само уште повеќе ќе го нагласат тоа што вие сакате да го скриете, нека самиот мебел биде “граница“ помеѓу просториите. Трпезариска маса во форма на шанк може да ја оддели кујната од остатокот од просторот на пример. Или мебелот од дневната да ја раздели од трпезаријата.

 

Совет број 4

За илузијата на поголем простор да биде успешна, искористете го и овој трик. Парчињата со ногарки ќе придонесат за отвореност на просторот. Исто така, иако можеби ви звучи чудно во прв момент, ќе придонесе за светлината и воздухот да циркулираат не само во горниот дел, туку и во долниот дел од просторот, а и во тренд се, па нема да биде премногу тешко да го примените советот.

 

Совет број 5

Не треба премногу објаснување за ова. Колку посветол простор, толку визуелно поголем, а транспарентните парчиња или оние во бела нијанса ќе бидат одличен сојузник во реализирањето на идејата.

Објавено:
18 септември 2020
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
685 пати