Ентериери во бојата на 2022 година – Very Peri

10 декември 2021

Институтот Пантон ја прогласи Very Peri за боја на 2022 година.

Како што велат од институтот, оваа сина вибрантна боја со виолетово-црвен подтон има за цел да ја мотивира нашата љубопитност и креативност и да нѐ поттикне да ги прифатиме новите можности што ни ги нуди светот по долгиот период на интензивна изолација.

„Живееме во време на трансформација. Како што излегуваме од интензивен период на изолација, нашите верувања и стандарди се менуваат. Прикажувајќи безгрижна самодоверба и смела љубопитност што го анимира нашиот кретивен дух, Very Peri ни помага да го прифатиме овој изменет пејзаж на можности. Ја поставува иднината во ново светло" – велат од Пантон.

Веќе 23 години, институтот Пантон бира „Боја на годината" што има големо влијание врз делувањето во бизнис секторот, особено во креативните индустрии вклучувајќи ги и модната индустрија, дизајнот на продукти, графичкиот дизајн, ентериерното уредување итн.

Инспирирани од новиот избор на Пантон, направивме селекција со неколку интересни идеи како бојата на 2022 година може да биде имплементирана во креативни решенија за ентериерно уредување.

Фото: Пинтерест

Објавено:
10 декември 2021
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
2.151 пати