Ако оваа пролет сакате нешто поинакво во вашиот дом, нешто со што ќе го разиграте секое катче, тогаш овие пом – пом додатоци се совршениот избор. 

Талентираната берлинска дизајнерка Мира Клосе која во 2010 година го основа брендот „MYK“, денеска е една од најпопуларните кога станува збор за вакви колоритни колекции за домот. 

Мира студирала моден дизајн на Универзитетот во Мадрид по што веднаш почнала со работа во Австрија и Германија каде и го стекнала искуството. 

Инспирирана од модата, уметноста и внатрешниот дизајн, креативните идеи на Мира многу брзо се претвориле во уникатни и интересни парчиња мебел и додатоци за домот што сите ги обожаваат. 

Во нејзината најпозната пом – пом колекција наречена Bommel таа смести неверојатно креативни и слатки килими, пернички, столици, стази за во бања и што уште не и тоа сите рачно изработени. 

Бидете сигурни дека доколку се одлучите за нешто вакво за домот, ќе имате супер уникатно парче што ќе го забележат сите.

Објавено:
3 февруари 2017
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
2.069 пати