Перничките што го „преплавија“ Инстаграм!

27 февруари 2017

Социјалните мрежи Пинтерест и Инстаграм се непресушен извор на инспирација без разлика за каков тренд станува збор.

Покрај секогаш беспрекорните фотографии за разни парчиња облека, ќе најдете и фантастична инспирација за вашиот дом, особено доколку сакате да промените нешто и да внесете нова енергија и свежина.

Она што последно е вистински хит на Инстаграм кога станува збор за домот се симпатичните пернички направени од едноставен материјал спакуван како јазол.

Токму поради тоа што имаа тотално необичен облик и се нешто што досега не сме го виделе, за многу кратко време тие станаа супер популарни.

Имено, истите се изработени од дизајнерката Нета Теслер која работи во креативното Knots студио во Тел Авив каде ќе најдете и бројни други интересно изработени работи.

Слични пернички нудат и дизајнерите од студиото Umemi од Исланд каде пак ќе најдете многу повеќе бои и примероци.

Покрај тоа што истите изгледаат супер во речиси секој ентериер, овие пернички се и навистина удобни за долгите филмски вечери или пак за оние моменти кога едноставно сакате да одморите по напорниот работен ден.

Доколку ги погледнете фотографиите на Инстаграм, ќе видите дека перничките доаѓаат во неколку големини и супер бои од кои можете да одберете за вашиот дом да изгледа уште поинтересен.

Објавено:
27 февруари 2017
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
2.919 пати
Извор: 
fashion.hr