Светските медиуми на големо почнаа да ги презентираат малите плик чантички. Но, сето тоа немаше да биде воопшто чудно, доколку истите не беа направени од дрво! Да, добро слушнавте, тие се направени од дрво.

Дизајнерите на овие чантички Орли Теслер и Итмар Менделович од Тел Авив, ги опишуваат како најоригиналното дело што излегло од нивната работилница до сега.

Со нивната дрвена текстура, тие навистина излегуваат од рамките на она што сме навикнати да го носиме секојдневно.

„Итмар и јас се запознавме на студиите по текстилна индустрија и дизајн и многу брзо почнавме заедно да работиме. Тој е многу прецизен, додека јас сум импулсивна и сакам да го оставам процесот на дизајн да се случи сам по себе. Знаевме дека сакаме да работиме со различни материјали и по една година ја лансиравме дрвената колекција на мебел наречена Дајмонд. Продолживме да експериментираме се додека не дојдовме до создавање на носливи работи од дрво“, вели Орли.

Таа додава дека нивната мисија е да го омекнат она дрво што е тврдо и да го зацврстат она што е меко.

„Дрвото е познато како цврст материјал и се користи за широка намена. Мислевме дека употребата на тој препознатлив материјал во сосема друга намена, ќе биде многу интересно“, вели Орли.

Овие интересни плик чантички од дрво, можете да ги купите на нивната веб страница tesler-mendelovitch.com.

Објавено:
6 ноември 2013
Категорија: 
Модни додатоци