Ако и вие сте од оние кои постојано сакаат да прават промени во домот, без разлика дали станува збор за минимални или пак поголеми, тогаш задолжително треба да ги погледнете новите трендови кај кујните.
Она што е интересно оваа сезона е тоа што се враќаат многу стари трендови кои и претходно ги обожававме, но овој пат во малку поинакво, освежено руво.
Доколку ви е потребна доза инспирација за летно освежување на кујната, тогаш се наоѓате на вистинското место.
1.Кујнски шанк обложен со плочки
Иако на ваквиот шанк се сеќаваме од пред многу години, истиот повторно е во тренд, особено ако се одлучите за некои свежи и јаки бои. Она на што мора да внимавате е одржувањето и работењето на шанкот со оглед на тоа што плочките се нежни и можат лесно да се оштетат.
2.Плакари каде и да имате место
Простор за складирање никогаш доволно! Воопшто не грижете се бидејќи оваа сезона плакарите се вистински хит и можете да ги ставите каде и да посакате. Задолжително направете си место за складирање под шанкот и не мислете дека тоа ќе го уништи изгледот.
3.„Скриена“ печка
Иако досега сите сакаа печката да биде најмногу истакната од сите делови во кујната, оваа сезона дизајнерите предлагаат да ја вклопите со бојата на останатите елементи во кујната и тоа изгледа навистина шик.
4.Мермер
Мермерот дефинитивно засекогаш ќе остане еден од омилените материјали за домот, па така не двоумете се и горниот дел од шанкот нека биде изработен од некој фантастичен дезениран мермер.
5.Агол за дружење со пријателите и семејството
Ако вашата кујна е отворена и пространа, тогаш задолжително направете еден агол во кој ќе сместите удобна клупа со маса и многу пернички каде ќе уживате во долгите седенки додека приготвувате нешто вкусно за јадење.
6.Дрво...
Дрвото дефинитивно дава еден сосема поинаков изглед и топла слика во секој дел од домот, а дизајнерите оваа сезона предлагаат кујни направени од дрво во нежна кафена боја кое ќе овозможи едно поинакво и потопло доживување.
Фото: Modamo.info