Икеа е подготвена за Божиќ: Пристигна празничната колекција

13 октомври 2020

Октомври е и реално, навистина е рано да се размислува за празничната новогодишна и божиќна сезона. Но, не и за тимот на Икеа.

Тие веќе ја претставија новата празнична колекција, која во фокус ја става удобноста и топлината,семејна атмосфера, што се синоним токму за тој период од годината. Воедно, имајќи ја предвид пандемијата, веројатно поголемиот дел од светот ќе ја дочека токму во кругот на најблиските. 

Кога се боите во прашање, не се правени експерименти, се оди на класичниот избор - црвена, бела, зелена и златна.

Новата колекција изобилува со различни комбинации на свеќи и лампиони, како и детали за семејната трпеза - керамички садови, чаршафи, црвени чаши, икебани...

Нам посебно ни се допаднаа предлозите за тоа како да се спакуваат празничните подароци, како и чиниите за бисквити и модлите со кои истите се направени.

Полици во форма на елка или пак апликации кои можат да бидат совршена замена за елка се  предлог вреден за размислување.

Се' е во знакот на семејството.

Уште неколку предлози можете да видите во галеријата во продолжение, како и на страната на Икеа.

Објавено:
13 октомври 2020
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
4.328 пати