„Луј Витон“ утре го отвора својот прв ресторан

31 јануари 2020

Од утре, жителите и посетителите на Осака ќе имаат можност да уживаат во ново место - рестора на француската куќа „Луј Витон“.

Ова е воедно прв ресторан и кафуле во рамки на комплексот „Луј Витон“ во јапонскиот град.

 

Како пренесуваат странските медиуми, во ресторанот и кафулето за специјалитетите ќе биде задолжен шефот Јосуке Суга, кој учел од еден од најголемите мајстори во оваа професија Жоле Робушон, кој неодамна почина, а кој во својата кариера успеа да собере дури 32 Мишелин ѕвезди.

Инаку, Јосуке е главен шеф во 47 - најдобар ресторан на светот - Суга ресторан во Токио, во кој е невозможно да се добие маса.

Во ресторанот во Осака, ќе се примаат само по неколку гости навечер, додека кафулето ќе биде попристапно и ќе биде идеално место за одмор после шопинг. 

Ентериерот е прекрасен, со акцент на природни материјали.

Погледнете:

Објавено:
31 јануари 2020
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
1.027 пати