Неретко сме сведоци на луксузни модни брендови кои ги „пуштаат своите корења" и на други полиња покрај модата, па така, дел од нив веќе одамна се навлезени во гастро сцената.
Голем број метрополи и атрактивни туристички локации веќе се домови на ресторани, барови и кафулиња кои го носат логото на некои од овие луксузни модни куќи кои го знаат правиот начин како да ја поврзат љубовта за модата со уживањето во вкусната храна.
Очекувано, овие ресторани и кафулиња го носат со себе препознатливиот луксузен сјај на своите брендови, што значи, освен вкусно мени, тие нудат и беспрекорен дизајн на ентериерот во кој ќе ја вкусите прекрасната храна.
Таков пример е и новиот луксузен ресторан на Луј Витон во Сен Тропе кој го буквално го одзима здивот дури и преку фотографии...замислете како би било да го посетите во живо.
View this post on Instagram
Амбиентот е очекувано гламурозен, а Витон ја презеде терасата во хотелот Вајт во 1921 година. Се наоѓа токму на Place de Lices, во самото срце на Сен Тропе.
Одговорен за неверојатните деликатеси е шефот Мори Сако, кој покрај тоа што има Мижелин ѕвезда, шеф е и на познатиот ресторан MoSuke во Париз. Неговото мени е инспирирано од африканската, јапонската и француската современа кујна.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Иако ова е прв самостоен ресторана на Луј Витон, брендот неодамна отвори уште еден ресторан, овој пат во гламурозниот град на француската ривиера познат по својата клиентела за џет-сет, врвните клубови на плажа и богатиот ноќен живот. Покрај тоа, Луј Витон има и свое кафуле во Осака, Јапонија.
Погледнете како изгледа овој прекрасен ресторан на познатиот луксузен моден бренд.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram