Раскошна ткаенина која рефлектира гламур и луксуз – кадифе.
Актуелен тренд во модниот свет, но и во ентериерното уредување.
Всушност кадифе важи за класика во уредувањето на ентериерот, а новите тенденци само дополнително го освежуваат и го враќаат на пиедесталот одново и одново.
Кога сакаме да постигнеме ефект на луксуз и отмен амбиент, мебел обложен со кадифе е секогаш вистинска опција.
Дизајнерите на ентериер советуваат: не комбинирајте кадифе со кадифе затоа што ваквата комбинација изгледа застарено.
Наместо тоа, размислете за микс од кадифе како полуксузна ткаенина со лен како поедноставен и „полесен" материјал со што би се постигнал посакуваниот баланс.
Во дневниот престој на пример доволно е само фотелјата или двоседот да бидат тапацирани во кадифе – во овој случај веќе сте го постигнале ефектот.
Или пак во спалната соба, направете сет од кадифени перници, така ќе постигнете полуксузен, а сепак ненападен амбиент.
Исто така контраст може да постигнете со микс на пастелни и загасити тонови, што во просторот ќе донесе дополнителна вибрантност.
За дополнителна инспирација како да имплементирате кадифе во вашиот секојдневен простор, погледнете ги фотографиите во продолжение.
Фото: Пинтерест