Најчестите грешки при уредување на кујна

22 април 2017

Со доаѓањето на пролетта, доаѓа и сезоната на реновирања. Доколку спаѓате во таа група, тогаш овој текст ќе ви биде добредојден.

Конкретно, во продолжение ќе прочитате совети на искусни дизајнери на ентериер околу тоа кои се најчестите грешки што луѓето ги прават при уредување на кујна (а притоа не се консултираат со стручно лице).

 

1.Премногу ниско монтирани горни елементи на кујната

Најчестата грешка кога се горните елементи во прашање е нивно ниско поставување.

-Со ниското монтирање на деловите, севкупниот простор во кујната ќе изгледа низок, а притоа и ќе се создаде непотребен простор, кој само ќе собира прашина – вели дизајнерката Кара Смит.

 

A post shared by MyDomaine (@mydomaine) onApr 18, 2017 at 6:40pm PDT

За да просторот не ви изгледа помал и задушлив, дизајнерите советуваат монтирањето да се извршува од таванот па надолу, за максимално да се искористи просторот. Стаклените вратички и полиците над горните елементи овозможуваат складирање на декоративни предмети што не се користат во секојдневието, а даваат и добра можност на истакнување на севкупниот дизајн на кујната.

 

2.Претерување со отворени полици

„Отворените полици се одлично решение за интегрирање на контрастни материјали или изложување на колекциите садови... Сепак, секогаш препорачувам комбинација на отворени полици со затворени, бидејќи така кујната изгледа прегледно и добро осмислено“ е советот на Стефани Штајн за „Mu Domaine“.

 

A post shared by MyDomaine (@mydomaine) onDec 14, 2016 at 7:36am PST

Од друга страна, некои нејзини колеги не се согласуваат со тоа мислење и тоа од практични причини. Отворените полици најчесто се користат за складирање на предмети кои не се користат често, како и за постигнување на трендовски изглед на кујната. Но, за да си играте со отворените полици, мора првин да обезбедите доволен број на затворени, кои и најчесто ќе ги употребувате.


3.Лош распоред на кујнските апарати и елементи

Многумина при креирањето на кујната го занемаруваат практичниот сегмент, кој всушност значи одличен распоред на кујнски елементи. Една од најчестите грешки се вратата, фиоките и апаратите, кои се наоѓаат премногу блиску, или се отвораат една кон друга, па немате место каде да се движите.


4.Премногу боја

Бидете внимателни и штедливи кога се боите во кујната во прашање. Тие одлуки потоа тешко се менуваат, или чинат многу. Шарена и весела кујна не значи и елементи или работна површина во боја. Разнобојните кујнски елементи може да бидат интересни, но во случај да не сте сигурни, тогаш не вреди да ризикувате. Неутралните нијанси со одредени предмети во боја ќе направат да постигнете далеку подобар ефект.

  

5.Лошо осветлување

Ова е дефинитивно еден од најголемите проблеми во кујните. Во недостаток на природно светло, кујната морате да ја осветлите и тоа со помош на лед светилки, што ќе бидат поставени под горните елементи.

 

6.Има време за плочки

Многумина во раната фаза на проектирање на кујната не размислуваат за плочките, што е мошне погрешно. Токму плочките можат да го подобрат или да го упропастат севкупниот впечаток. Оние со богата тексура или добар дезен, што ќе се протегаат од горе надолу, во целост можат да го трансформираат кујнскиот простор.

 

 

7. Игнорирање на останатите простории

Без разлика што кујната е целина за себе, сепак кога правите ново уредување, мора да внимавате и на изгледот на останатиот животен простор, за да постигнете склад. Во спротивно, ќе изгледа неприкладно и како да не сте во истиот дом.

 

A post shared by @kitchen_design_ideas onMar 15, 2017 at 4:21am PDT

Објавено:
22 април 2017
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
5.014 пати