Најпопуларните есенски трендови во внатрешното уредување

2 септември 2022

Кога помислуваме на есенски трендови во уредувањето на домот, вклучително и палетата на бои која доминира во есенската сезона, нашите мисли веднаш летаат кон портокаловите нијанси кои неодоливо потсетуваат на позлатените лисја на дрвјата и вкусната тиква.

Но, експертите за уредување на домот велат дека оваа година трендовите се менуваат и дека оваа есен ќе биде една од најшарените и најразиграните сезони за 2022.

Според нив, ова се водечките трендови кои со нетрпение и возбуда ги одчекуваме во н ашите домови оваа есен.

Уникатни есенски венци

Еспертите ги наведува овие венци како задолжителни во ентериерите бидејќи нудат неодолива можност да го истакнете вашиот личен стил. Испреплетете го вашето омилено свежо цвеќе низ есенскиот венец и ставете го на влезната врата или на видно место во домот.

Аранжмани со суви цветови

Сушените аранжмани се совршени за есен. Овие одржливи и долготрајни аранжмани го исполнуваат вашиот простор со природна атмосфера што е соодветна за оваа сезона. Експертите за уредување на домот препорачуваат да се комбинираат различни висини и бои за да се додаде текстура и волумен на аранжманот.

Сончогледи

Можеби сè уште не сте подготвени да му кажете збогум на летото, а за некои полесниот премин во есен може да биде внесување на весели сончогледи во домот.

Детали инспирирани од морето преку стилот наречен crustaceancore

Естетиката наречена „crustaceancore", која е инспирирана од морето, е осовено популарна во последните месеци. Можете да додадете елементи во летен стил, низ есенските бои на остатокот од вашиот дом декор, како на пример, вазна во облик на школка која може да го собере вашиот исушен есенски букет.

Металик детали

Металните акценти имаат мож да ја оживеат есента на потопол начин кој лесно се вклопува во секој простор во домот. Еден начин да додадете метални акценти е да користите златни садови и метални свеќници на вашата есенска маса.

Barbiecore

Barbiecore е голем тренд во модата, но и во дизајнот на ентериер. Оваа весела естетика опфаќа живописни бои кои внесуваат енергија во домот. Покрај традиционалните есенски бои како портокалова, црвена и жолта, додавање на малку светло розова боја во вашиот дом би било одличен начид да се внесе разиграност.

Зелена боја

Зелената боја е во тренд од почетокот на 2022 година и така ќе остане и оваа есен. Сепак, есенската зелена нијанса ќе биде потемна и во нијанси како смарагд, шума и мов, создавајќи богата и заситена палета. Неколку лесни начини да ја внесете оваа боја во вашиот есенски дом е со додавање лажни растенија во зелени вазни.

Земјени тонови

Овогодинешната есенска палета на бои ќе се оддалечи од класичните портокалови тонови и ќе ги оживее земјените тонови кој ги вклучува сите есенски нијанси, како што се топли кафени, теракота, тегет и земјено зелена боја. Еден начин да го следите овој тренд е да ги замените навлаките на перничињата во овие споменати нијанси.

 

Објавено:
2 септември 2022
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
2.699 пати