Плетени детали во домот – смирен амбиент и бохо лежерност

27 мај 2020

Плетените детали изработени од природни материјали имаат значајна улога во постигнување на хармонија и смирен амбиент во домот.

Се популаризираат особено во летната сезона, кога доаѓаат во различни верзии на декоративни украси или дури и мебел, наменети за ентериерното или екстериерното уредување.

Може да се имплементираат во модерно уредени, минмалистички или пак класично уредени ентериери, а да го постигнат истиот ефект на топлина, лежерност и чувство на дома.

Неколку сезони наназад особено популарни се украсните плетени саксии, плетените табуретки, како и лустерите и прекривките за маса или под.

Доколку имате ентузијазам, со малку вештина и посветеност, може и сами да си сплетете и изработите декоративен елемент во ваков фазон.

За инспирација, разгледајте ја фото галеријата во продолжение.

Фото: Пинтерест

Објавено:
27 мај 2020
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
465 пати