Плетени лустери за бохо атмосфера во вашиот дом

10 февруари 2018

Плетените декоративни елементи му даваат дополнителна топлина на домот.

Новите трендови во уредувањето на ентериерите, ставаат акцент токму на плетените детали, а еден од клучните елементи во тој сегмент, е плетениот лустер.

Поставен централно во дневната или спалната соба, плетениот лустер не е само осветлувачко тело, туку впечатлив декоративен елемент со кој внесувате бохо дух во вашето секојдневно опкружување.

Доколку бохо естетиката е блиска до вашиот животен стил, тогаш ваков тип на плетени лустери со сигурност ќе внесат дополнителна позитивна енергија во вашиот дом.

Особено се актуелни плетените лустери во неутрални тонови, како беж, бела и сива, во различни геометриски или неправилни форми.

 

 

Објавено:
10 февруари 2018
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
623 пати