На онлајн страната на еден од најпопуларните high street брендови во светот, H &M осамна новата божиќна колекција која е поубава од кога и да е.

Иако годинава како многу рано да започнаа со лансирање на божиќните кампањи, мора да признаеме дека е убаво кога се радуваме на најпрекрасното време од годината.

Шведскиот гигант слично како и Икеа, во божиќната колекција повторно се враќа на скандинавските корени и тоа изгледа навистина неверојатно.

На прво место брендот ја става рустикалната атмосфера, концентрирајќи се на плетените работи, крзнените детали, кадифените парчиња во класичната црвена, бела, златна и сребрена како омилени за новогодишниот период.

Како што е прикажано и во едиторијалот, од една страна имате рустикална топлина, додека од друга страна модерна елеганција и тонови на сива, црна, златна и сребрена.

Божиќната колекција е навистина одлична бидејќи речиси сите парчиња можете да ги комбинирате во ентериерот на вашиот дом, а даваат една навистина магична, божиќна атмосфера.

Во истата ќе најдете и огромен избор на детали и играчки за деца, украси за во кујната, детали за дневната и спалната, но и интересни работи со кои може да го украсите и дворот.

Доколку и вие сте веќе во духот на божиќната магија, одберете ги омилените парчиња кои ќе внесат поинаква божиќна магија во вашиот дом.

Објавено:
4 ноември 2016
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
4.361 пати