ИКЕА ја презентираше својата нова божиќна колекција: Ќе се вљубите во скандинавскиот шарм

24 септември 2022

Веќе сме на почетокот на есента и студените месеци се пред нас. Иако Нова Година и Божиќ се навидум далеку, мислите несвесно започнуваат да ни талкаат во нивна насока во првиот момент кога ќе го почувствуваме мирисот на студениот воздух.

Со нетрпение ја очекуваме идиличната атмосфера во домовите, печењето божиќни колачи, пиењето топло чоколадо и божиќните песни. Божиќ има шарм и моќ да ја развлече својата магија неколку месеци, а сите оние кои уживаат во таа атмосфера секоја година со нетрпение ја очекуваат божиќната колекција на Икеа.

Фото: Ikea

Божиќната колекција на Икеа оваа година е инспирирана од Скандинавија и скандинавските обичаи, фолклор и ракотворби, а дизајнерите се обидоа да ја внесат детската носталгија кон снежните скандинавски пејзажи, рустикалните црвени куќи.

Фото: Ikea

Инспирацијата несомнено се пресликува во секој артикл кој се најде како дел од зимската колекција VINTERFINT 2022 и колекциите STRÅLA и VINTERSAGA, почнувајќи од лампионите и светилките, па сè до боровите топчиња, декоративните ѕвезди

Фото: Ikea

Фото: Ikea

Никогаш не е доцна да започнете со планирање на декорот за претстојните празници, па затоа во прилог ви ја претставуваме новата колекција на Икеа која ќе донесе посебна магија овој Божиќ во вашиот дом.

Фото: Ikea

Објавено:
24 септември 2022
Категорија: 
Култура
Прочитано:
2.800 пати