Еден од омилените холивудски актери и шармери, Леонардо Дикаприо, додаде уште еден фасцинантен имот на својот список.

Магазинот InStyle објави дека Оскаровецот неодамна купил имот во ексклузивно маало во Лос Анџелес по цена од 4.91 милион долари.

Раскошниот имот претходно му припаѓал на познатиот музичар Моби, а истиот е неверојатно посакуван бидејќи се наоѓа на место каде што папараците немаат никаков пристап.

Имотот вклучува пет спални соби, осум бањи, сосема приватен дел за забави и раскошна шума во околината.

Она што е интересно, е дека Моби сè уште живее во соседството, поточно, актерот и музичарот се врата до врата.

Инаку, Дикаприо е познат по фамозните имоти кои ги поседува, а медиумите неодамна информираа дека продал многу од нив меѓу кои и неколку во Малибу.

Извор и фото: In Style

Објавено:
18 мај 2018
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
902 пати