Оскаровецот и сѐ уште еден од најпосакуваните мажи на светот, Леонардо ди Каприо ја продава својата луксузна вила на плажа во Малибу.

Куќата тој ја купил кога имал само 24 години по големата улога во „Титаник“ и тоа за 1.8 милиони долари. Осумнаесет години подоцна, тој е добитник на Оскар и еден од најпочитуваните актери на денешницата. Денеска, неговата куќа вреди и се продава за вртоглави 10.5 милиони долари.

Истата е изградена во 1950 година на површина од 160 метри квадратни, има три спални соби и две бањи, а се наоѓа на познатото место кое многумина го нарекуваат „плажата на милијардерите“.

Внатрешноста на куќата е всушност многу едноставна, односно неверојатно светла и пространа, со мебел во прекрасни нежни бои, а целиот фокус е ставен на надворешноста на куќата.

Таму ќе најдете неверојатно пространи балкони уредени со удобни лежалки, базени и спа, совршено уреден простор за одмарање и што уште не.

Кога на сето ова ќе го додадете океанот како најубав момент, тогаш е повеќе од јасно дека оваа куќа ќе се продаде побрзо одошто мислите.

 

Објавено:
22 септември 2016
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
1.608 пати