Разигран и колоритен декор во новата линија на Икеа

23 јануари 2018

Во очекување на пролетната сезона, Икеа ни ја заскокотка љубопитноста и ни дозволи краток увид на тоа што ни подготвува за претстојниот период.

Според неколкуте објавени фотографии од новите парчиња мебел и декоративни елементи, може да претпоставиме дека оваа пролет во Икеа ќе биде разгирана, колоритна и забавна.

Икеа е препознатлива по практичните решенија и едноставноста, што ќе се задржи како примат и во новата линија, зачинета со интересни детали и храбар избор на бои.

Доколку планирате пролетно реновирање во домот, еве дел од изборот што може да го очекувате во Икеа.

 

Објавено:
23 јануари 2018
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
610 пати