Хелен Милер е новото заштитно лице на Marks & Spencer?
•
19 јуни 2013
Британската оскаровка била видена на снимањето на кампањата и наводно фотографирана од страна на позната Ани Лејбовитц. Актерката била во друштво со Кејти Пајпер и токму тоа ја заскокотка љубопитноста кај новинарите кои го проследија настанот. „Гласините“ велат дека цената за снимањето изнесувала неверојатни 500.000 фунти, но Marks & Spencer ниту ја негира, ниту ја потврдува оваа информација, што укажува на фактот дека можеби е и вистина. Ако е тоа така ова ќе биде прва модна кампања на Хелен Милер, а исто така и прв проект на новиот кретивен директор на оваа модна куќа Белинда Ерл, која започна да работи за нив пред околу шест месеци.