Во рамки на зградата на Петата авенија во Њујорк каде се наоѓа бутикот, односно претставништвото на брендот Tiffany&Co. од денес започнува со работа и новото кафуле насловено како „Blue Box Café“.

Инаку, во зградата се наоѓаат и продавниците на брендот за предмети за дома, детски парчиња, винтиџ книги и сребро.

Кафулето се наоѓа на четвртиот кат од зградата, кој неодамна беше и реновиран. Внатрешноста е уредена во препознатливата тиркизна боја на брендот, а од малкуте фотографии што ги споделија светските медиуми, може да се забележи дека се внимавало на секој детаљ.

Ѕидовите, мебелолот, па дури и дел од приборот за јадење се токму во знакот на Tiffany&Co.

-Просторот е експериментален и нуди поинакво искуство. Може да се рече дека е прозорец кон нова „Тифани“ – вели Рид Кракоф, кој е и одговорен за новиот дизајн.

Инаку, во кафулето ќе има едноставно мени, кое ќе се менува секоја сезона, а ќе се користат локални производи.  Од она што е достапно до јавноста, цената на ручекот е 39 долари.

Фановите на Голајтли ќе можат да си порачаат кафе и кроасан за 29 долари.

Странските медиуми се шегуваат дека Њујорчани конечно ќе можат буквално да појадуваат кај Тифани.

А со оглед дека изгледа вака магично, не криеме дека би сакале и ние.

 фото извор: Твитер

 

 

фото извор: harpersbazaar.com;

Објавено:
10 ноември 2017
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
492 пати