Брендот за накит Tiffany & Co. ја одбра музичката икона Бијонсе за заштитно лице на најновата кампања. Преку оваа кампања, Tiffany & Co. наоѓаат начин беспрекорно да ги спојат музиката и стилот на пејачката со класичните, безвременски парчиња накит.
На една од фотографиите направени за кампањата, Бијонсе носи црна креација од латекс со длабоко деколте и асиметрични детали околу рамениците. Изгледот беше комплетиран со соодветни светкави хеланки и виолетови чизми високи до бутовите.
Гламурозното финале на изгледот го доловува тешкиот ѓердан од синџир и соодветните алки, додека пак сјајната кожа, сјајниот беж кармин и суптилната smokey шминка додаде дополнителна мистериозна нота.
На други фотографии ја гледаме пејачката облечена во боди со пресеци и црни панталони, како и металик златно палто во спој со проѕирни ракавици, дијамантски чокер и мноштво блескави алки.
Tiffany & Co. објави и краток филм со назив „Lose Yourself to Love", во чија позадина се слуша песната на Бијонсе „Summer Renaissance" од нејзиниот најнов албум.
Краткиот филм е во режија на филмскиот режисер Марк Романек, добитник на Греми, додека пак кореографија е на добитничката на Еми, Фатима Робинсон.
Во клипот, Бијонсе носи мини фустан без прерамки обложен со дијаманти, кој го спојува со накит од Тифани, вклучувајќи чокер и обетки.