Се продава седмособниот стан на Грета Гарбо

23 март 2017

Седмособниот стан во кој Грета Гарбо живееше од 1954 година до нејзината смрт во 1990-тата, е ставен на продажба. Семејството на славната актерка одлучи дека сака да заработи од оваа недвижнина, која се наоѓа на петиот кат од 14-катната зграда „Кампанила“ на Менхетен, која има вкупно 16 апартмани.

Инаку, за 64 години, колку што е стар станот, првпат е ставен на продажба и тоа по цена од 5.95 милиони долари, а заинтересираните купувачи, доколку се одлучат да ја купат, ќе мора тоа да го сторат во готово.

Станот има три спални, три бањи, канцеларија и неверојатен поглед на „Ист Ривер“.  

Според „Њујорк Тајмс“, просторот не е многу менуван од времето кога актерката живеела таму. Розовите и зелените тонови кои Гарбо самата ги бирала за домот се сè уште таму, како и декорациите.

Дневната соба содржи и огрмна библиотека и била нејзината омилена соба.

-Таа го уреди домот на начин на кој ќе ѝ биде најудобно. Но, купувачот може да го трансформира просторот. Кујната и бањите се неодамна реновирани – вели Дерек Рајнсфилд, сопственикот на агенцијата за недвижнини „Маркет Вач“, преку која се продава домот.

 

Објавено:
23 март 2017
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
597 пати