Секоја година одново се гради: Ледениот хотел слави 30 годни постоење

20 декември 2019

Првиот леден хотел на светот, направен комплетно од снег и мраз се наоѓа во Шведска и годинава прославува 30 години постоење.

По тој повод, одлучија годинашниот, хотел да го направат повпечатлив од претходните. За таа цел, на него работеле 33 уметници од 16 земји. 

Гордиот сопствнеик Јнгве Бергквист ги поканил да поминат неколку недели во едно шведско село, каде ќе го создадат тиресеттиот по ред хотел.

Новиот креативен директор Лук Ронкорони одлучил во новото издание да има и соба наречена „Ноќ во театар“ во која можат да престојуваат шестмина. Тие седат на шест столчиња од мраз, а од истиот материјал се направени, односно изрезбани завеси, сцената...

Годинава за посетителите е подготвен и забавен „Ајс Бар“ во кој ќе можат да се забавуваат, а кој е опкружен со балони со топол воздух. 

Инаку, ледениот хотел за овие 30 години угостил повеќе од милион посетители.

Во продолжение погледнете како изгледа дел од внатрешноста на годинашниот хотел, додека остатокот можете да го видите ТУКА, официјалната фејсбук страна на хотелот.

Објавено:
20 декември 2019
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
587 пати