Во Сингапур се наоѓа најшареното основно училиште (и градинка) во кое веруваме нема дете што не сака да оди. Дизајнот е осмислен од австралиската архитектонска компанија „Студио505“, во соработка со локалните архитекти од „LT&T Architects“.
Фасадата е во боја на виножито, направена со помош на поликолор и префабрикувани готови бетонски столбови во комбинација со обоени алуминиумски полици.
Всушност, контурите на комплексот се галерии и балкони што им служат на учениците за поедноставен премин од едната во друга зграда. Во подножјето се наоѓа и амфитеатар.
Пред ова да стане модерно и весело училиште, комплексот всушност бил неатрактивна градинка, во која никој не сакал да оди. Веселите бои помагаат и при психолошкото допаѓање за престој во зданието.
Што мислите вие за ова?