Скандинавскиот стил уште еднаш се покажа како одличен избор за уредување на ентериерот. На фотографиите подолу ќе можете да видите класичен пример на уредување на ентериер во тој стил. Светло – кафените дрвени подови со бели ѕидови и мебелот со неутрални бои ги истакнуваат бројните декорации и детали во живи и смели бои.
На балконот тука се перничињата, теглички и килим, во спалната соба розеви и сини кутии во склоп на плакарите и полиците, а во дневната соба книги во разни бои. Во кујната можете да видите црвени шанкерски столчиња, портокалови жици на лустерот, сини плочки над работната маса, жолт лустер, шарени садови. Обрнете внимание на бројните полици вградени во ѕидовите и пробајте да ги откриете останатите детали кои можете да ги искористите како пример за уредување на вашиот дом.
Целата содржина прочитајте ја > ТУКА