Собните растенија се вистински ѕвезди последниве години, а и редно време беше светот да им го подари потребното внимание. Освен што веднаш го заживуваат просторот и вдахнуваат душа во него, овие растенија се одлични прочистувачи на воздухот. Еве за што да се одлучите, следниот пат кога ќе заминете во зелен шопинг.
Ficus Audrey
Станува збор за нова верзија на фикусот. Има тенки листови, бргу расте, релативно е издржлива и лесна за одржување. Сака светло место, покрај прозорецот.
Бамбусова палма
Според фенг шуи палмата од бамбус е извор на среќа. Ставете ја на исток или југоисток и кренете ја повисоко, не директно на подот.
Ретки растенија
Ретките растенија како бршленот и смоквата се еготичен детаљ кој сигурно ќе ви го разубави домот.
Дрвото на парите
Има неверојатно интересно стебло и совршено зелени листови. Доволно е да му ставите вода еднаш во неделата, а се верува дека носи среќа на финансиско поле.
Rubber ficus
Овој вид фикус има неверојатна убавина и карактер. Не бара многу светлина, но ако го изложите во светла просторија, неговите листови стануваат сјајни и со многу убава бордо нијанса.