Традиционална француска резиденција на современ начин

13 јануари 2017

Францускиот ентериер отсекогаш важел за еден од најубавите и најпосакуваните, особено оние старите, традиционални куќи со посебен шарм.

Шпанското архитектонско студио „05 AM Arquitectura“ доби задача да преуреди традиционален стан во модерна француска резиденција за младо семејство кое сака да добие спој на висока естетика и функционалност.

Областа Saint-Maur-des-Fossés е совршено место за сите оние кои сакаат да се близу до главниот град, а сепак да имаат мир и приватност.

Една од главните цели на овој проект била да се добие што е можно повеќе светлина и просторот да ги задржи традиционалните елементи.

Целиот стан е обоен во бела боја, а дрвените скалила и големиот дрвен стол се направени така да внесат топлина и посебен шарм во просторот.

За кујната и бањата архитектите го одбраа мермерот како доминантен материјал кој на просториите им дава дополнителна доза на елеганција.

Деталите се во јаки и интересни бои како црвена и портокалова, а детската соба е единствената во која ѕидовите се во сина и зелена нијанса.

Погледнете ја фантастичната традиционална француска резиденција преуредена во современ стил.

 

Објавено:
13 јануари 2017
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
262 пати