Оваа есен во „Coin Casa" е посебно магична! Пристигнаа новите колекции што во вашиот дом ќе го донесат шармот на вселената и фасцинантната природа на шумскиот свет.
Колекцијата „The Space Oddity" гледа кон далечните светови и соѕвездија, а носи романтични и шармантни мотиви инспирирани од вселената, како и од возбудливите патувања, независно дали се реални или имагинативни.
Фасцинатното ноќно небо, планетите и галаксиите нè водат во космичка насока...
Принтовите со себе го носат магичнот допир инспириран од Млечниот пат, од астрологијата и од небесната длабочина.
Финесите се транспарентни и инспирирани од далечни светови. Текстурите се со принтови што потсетуваат на ѕвездено небо, планети и сателити.
Соѕвездијата и различните фази на месечината се клучните теми што ѝ даваат софистициран изглед на колекцијата. Всушност оваа колекција има мистична и спиритуална димензија.
Финесите на симболичната иконографија која е поврзана со астрологијата, се направени со посебно внимание. Дизајнерските мотиви се помеѓу фигуративни и симболични, помеѓу природното и надприродното.
Колекцијата гледана во целина е најизменична секвенца од светлината на скапоцените метали и длабочината на интензивните бои. Формите се елегантни, нежни и сферични, а материјалите и текстурите се дизајнирани со цел да го предизвикаат и погледот и допирот.
Колекцијата „The Wunder Nature" е инспирирана од фасцинантната природа на флората и фауната, како и од елементите од шумата што потсетуваат на бајка. Палетата на бои го одразува допирот помеѓу природното и надприродното, па застапен се земјените тонови кои потсетуваат на нијансите на камењата, мовта и минералите.
Цртежите што се користени во оваа приказна се инспирирани од целиот свет што може да го најдете во шумата, цвеќиња и различните растенија.
Фундаментот на колекцијата е тактичноста на природата и материјалите што се збогатени со везови со кои се создава богата приказна со тридимензионални финеси.
Кристалите и минералите се друг клучен елемент во оваа бајка за магичната и фасцинантна природа и се користени и како принтови и како природни елементи.
*Комерцијален текст