За оваа Икеа велат дека е најубава од сите

28 септември 2021

Во виенската шопинг улица Мариахилфер Штрасе, неодамна е отворена нова „Икеа“. Се работи за зграда чиј изглед е уникатен и иновативен, па токму поради тоа многумина велат дека е најубавата Икеа куќа на светот.

Новиот концепт е направен во склад со желбите и потребите на купувачите, со акцент на одржливоста, а притоа крајниот резултат е мошне атрактивен.

Првично, зданието е впечатливо поради надворешната. На мрежестата фасада се менуваат отворени и затворени елементи, за на сите нивоа на зградата да може да се посадат и да растат дрвја. На секоја страна има осветлени простори, а на фасадата се вградени и зелени елементи. Покривот на зградата е отворен за сите посетители и таму се исто така посадени дрвја и растенија, со цел да се добие релаксирана атмосфера.

На лице место можат да се купат само производи што се соодветни за пренос во метро, пешки, со велосипед, додека останатите се порачуваат и пристигнуваат на домашна адреса. 

Како велат, причина за таквиот начин на продажба лежи во промените на однесувањето на потрошувачот и мобилноста. Повеќето жители на Виена во внатрешните градски делови повеќе не поседуваат автомобил, а купувачите не сакаат сами да ги носат големите работи, сакаат да ги добијат со достава на домашна адреса.

Интересно е што со новата зграда со зелена фасада не се предвидени паркинг места за автомобили, туку само за велосипеди.

Инаку, и во оваа Икеа се застапени стандардните презентации, по кои е препознатлива - изложени соби, студија за планирање етериер, каучи, кревети, кујни, декоративни елементи итн...

 

извор: facebook.com;

Објавено:
28 септември 2021
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
1.192 пати