На 1 октомври, со почеток во 19 часот ќе се одржи 18-то издание на Бела Ноќ во Скопје. Како и секоја година тоа е вечер со богата културна програма за Скопје и скопјани која ги опфаќа сите културни унстанови.
Белата ноќ под името „КИЦ Артленд" и целовечерна културна програма во облик на мултимедијална манифестација, ќе се случи и во Културно информативниот центар - Скопје.
Како круна на овој настан ќе се случи и отворањето на големата изложба на државната манифестација „Денови на македонска фотографија" во организација на „Фото сојуз на Македонија", која го слави својот 60-ти роденден!
Целосната програма во продолжение...
Салон Империјал II (19 ч):
- Алекс Петковски (инструментал)
- Официјално отворањe
- Ристина Николова и Ивона Нацевска (поетско читање)
- Вокален состав „Мелизма"
Салон Империјал I (19:30 ч):
- 60-то јубилејно издание на „Денови на македонска фотографија"
- Академски хор Мирче Ацев
Салон Империјал II ( 21ч):
- Трио Џентлмен (концерт)
- Огнен Здравковски (концерт)
- Елена Пренџова и Нино Наумовски (поетски перформанс)