Би појадувале ли со жирафи?

15 мај 2018

Доколку сакате луксузен одмор за паметење, а можеби немате идеја каде да создавате спомени, тогаш ова е вистинскиот текст за вас. 

Луксузниот бутик - хотел Giraffe Manor сместен на 10 километри од Најроби, е основан од Африканскиот фонд за диви животни со цел заштита на загрозените Rothschild жирафи. 

Вистинско доживување е појадокот со жирафите, кои доаѓаат до хотелот од околната шума и ги пружаат главите барајќи храна која ја добиваат од гостите. 

Тие можат да ги хранат, да се фотографираат и да се дружат со нив, додека уживаат во убавините а хотелот и сè она што тој нуди. 

Овој прекрасен хотел е всушност дворец кој се состои од само 10 соби уредени во арт – деко стил. Сосема очекувано, за резервација постојат огромни листи на чекање, но тоа не треба да не чуди бидејќи станува збор за неверојатно искуство. 

Нема ништо подобро од будење во Кенија и појадок со жирафи, нели?

Објавено:
15 мај 2018
Категорија: 
Култура
Прочитано:
99 пати