Библиотеката од која нема да сакате да си заминете

16 јануари 2019

Централната библиотека во Хелсинки веројатно е едно од најубавите места за љубителите на книгите и читањето. 

Се простира на површина од 17.250 метри квадратни. Сепак, во овој голем простор, фокусот е ставен не толку на бројот на книги, туку повеќе на пријатноста и удобноста на читателите. 

Библиотеката располага со околу 100.000 книги, а најголемиот број се посветени на содржини поврзани со кино, студија за снимање, простор за изложби и настани. 

Но, во ова фантастично здание има и онлајн сервис, каде има 3.4 милиони книги, сортирани по жанрови и истите можат да бидат доставени до библиотеката, доколку се појави потреба. 

Вредноста на библиотеката се проценува на 98 милиони евра, а во неа инвестирала и финската влада. Се наоѓа во рамки на Хелсиншкиот културен округ, во кој се наоѓа и музеј на уметност со подземни галерии со закосени прозорци на покривот кои гледаат накај јавниот двор.  

Приземјето на ова фанстатично здание има дрвен покрив, над кој пак има отворен простор кој може да се користи за настани на отворено. Во истиот дел од зградата има и аудио-визуелен центар, кино и ресторан.

Среднишниот кат содржи повеќенаменски простории кои се користат како канцеларии, студија, простории за состаноци и простории за кафе. 

Горниот дел на зградата е уште наречен и како „книжно небо“ и на него се наоѓа уште една библиотека на отворен простор.

„Во оваа библиотека се имплементирани најдобрите карактеристики на модернистичка библиотека, кои пак ги исполнуваат можностите кои ни ги пружа технологијата во 21. век. Мирната позитивна атмосфера ги мами посетителите да читаат, учат, мислат и уживаат“, велат од „ALA Architects“ задолжени за дизајнот на зградата.

Погледнете:

 

Објавено:
16 јануари 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
420 пати
Извор: 
dezeen.com