Мега популарниот холивудски пар Џенифер Лопез и Бен Афлек, конечно ја најдоа својата куќа од соништата.
Двојката која што се венча пред осум месеци купи дом од 64 милиони долари.
Зданието се наоѓа во централен Лос Анџелес, а располага со сала за вежбање, кино лифт, огромен двор со базен и место за скара.
Куќата вклучува и осум спални соби, 11 бањи, неколку соби за забава, пространа кујна и голем дневен простор, што ја прави одлична за нивните семејства.
Една од поинтересните катчиња е библиотеката којашто има огромен број на книги, на задоволство на вљубениците во пишаниот збор.
Куќата е сместена на ритче со прекрасен поглед кон кањон, што овозможува природна светлина во текот на денот.
Освен главниот дом, имотот има и куќа за гости во случај Бен и Џен да имаат повеќе пријатели на преспивање.
Ви доловуваме малку од нивната приватност.
Фото: Instagram, Facebook