Бен Афлек за Џеј Ло: „Каде ја чуваш фонтаната на младоста?“

6 април 2021

Оскаровецот Бен Афлек беше еден од многумината познати личности, кои во интервју за „ИнСтајл“ магазинот, зборуваа за Џенифер Лопез и како поп-дивата е водечка сила во шоу-бизнис индустријата. 

Афлек имаше само пофални зборови за актерката/пејачка и негова поранешна свршеница.

„Каде ја чуваш фонтаната на младоста? Како е возможно да изгледаш исто денес, како што изгледаше во 2003?“ рече актерот.

На оваа негова изјава, Џенифер одговори: „Бен е смешен. И тој изгледа добро!“

Џеј Ло, која денес има 51 година и вели дека се чувствува најдобро досега, беше во врска со Бен Афлек цели 2 години. Двојката ја прекина свршувачката во 2004 година, а Бен Афлек ја спореди нивната врска со онаа на Ричард Бартон и Елизабет Тејлор, благодарение на медиумското внимание кое го добиваа. 

Помеѓу Бен и Џен има закопани секири и само комплименти и пофални зборови, па не е ни чудно што фановите потајно се радуваат дека можеби двојката повторно има шанси.

Објавено:
6 април 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.615 пати