Среќен роденден Џеј Ло!

24 јули 2023

Неверојатната Џеј Ло денес полни 54 години.

Латино дивата која со своите многубројни таленти освојува фанови низ целиот свет е родена на 24 јули во Бронкс, во семејство со порториканско потекло.

Џенифер Лопез е пајечка, актерка, танчарка, ТВ лик, продуцент, моден дизајнер, претприемач.

Дама со прилично богато портфолио кое што постојано се дополнува. Уште како мала имала желба да стане славна, па започнала да зема часови по танц.

За прв пат се појавува на телевизија како танчарка во комичното шоу In Living Color, а прв пат добива главна улога во филм во 1997 година, портретирајќи ја трагично загинатата пејачка Селена.

Selena (1997), ќе ѝ донесе и ALMA награда за одличната изведба и ќе ѝ го отвори патот кон сè што следува.

Истата година глуми и во хитот Anaconda, по што се нижат уште многу филмови, од The Wedding Planner (2001), Maid in Manhattan (2002), Shall We Dance? (2004), Monster-in-Law (2005), па сè до Hustlers (2019), Marry Me (2022), Shotgun Wedding (2022) и The Mother (2023).

Џенифер има и богата музичка кариера. Нејзиниот мега хит If You Had My Love покажа дека покрај талентот за глума, Џеј Ло е и одлична пејачка.

Албумот J.Lo (2001) беше огромен успех со продадени осум милиони копии низ целиот свет.

Лопез ја интригираше јавноста и со нејзиниот пикантен приватен живот.

Таа беше во врска со раперот Шон Комбс, па со сегашниот партнер Бен Афлек, за потоа да се омажи за колегата музичар и актер Марк Антони со кој во 2008 доби близнаци.

Пред две години дивата повторно ја обнови врската со Бен Афлек, а двојката стапи во брак следната година.

Денес во чест на нејзиниот 54-ти роденден издвојуваме неколку од нејзините најдобри модни изданија низ годините.

Среќен роденден Џеј Ло!

Фото:Pinterest

 

Објавено:
24 јули 2023
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
310 пати