Како Џеј Ло слави роденден...

27 јули 2023

Џеј Ло знае како да приреди добра забава. Латино дивата пред неколку дена го прослави својот 54-ти роденден со пријатели, малку танцување на маса, секси фотографи во бикини и честитки од сите страни.

Таа ги воодушеви своите фанови на Инстаграм со нејзиното позитивно расположение и секако одличната фигура што опасно им конкурира на многу помладите колешки.

Џенифер внимава на своето тело и е многу посветена на специјална фитнес програма.

Во една прилика Лопез изјави дека на жената не треба да ѝ се каже: Одлично изгледаш за твоите години. Според неа годините не треба да се споменуваат. Едноставно кажете: Одлично изгледаш.

На фотографиите гледаме многу пријатели на ѕвездата, но недостасува нејзиниот сопруг Бен Афлек.

Џеј Ло носи бел светкав фустан со гол грб, а ја гледаме и во бикини, впечатлив накит и шешир.

Фото: Instagram 

Објавено:
27 јули 2023
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
1.023 пати