И по Џеј Ло, Џеј Ло

1 август 2023

Таа е насекаде, но мора да признаеме дека што и да прави изгледа одлично.

Џеј Ло повторно ги заскокотка љубопитните очи со провокативни фотографии во долна облека.

Нејзината последна објава на Инстаграм вклучува неколку фотографии на коишто таа позира во сина долна облека од Intimissimi.

Џенифер, која е заштитно лице на брендот, покрај синиот комплет носи и шарено кимоно што дополнително го збогатува раскошниот изглед.

Мега ѕвездата повторно докажа дека е секс симбол, само неколку дена по нејзиниот 54-ти роденден којшто го прослави со своите најблиски пријатели.

Возраста е само бројка, а Џеј Ло е една и единствена.

Фото: Instagram

Објавено:
1 август 2023
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
330 пати