Џенифер Лопез е кралица во долна облека

6 септември 2023

Џеј Ло знае како се носи долна облека. Ѕвездата, која е заштитно лице на брендот за долна облека Intimissimi, на последната фотосесија заводливо позира во парчињата од есенската колекција.

Џенифер е сензуална, како што само таа знае да биде, а нејзините облини одлично се вклопуваат во есенското романтично издание на долна облека од италијанската модна куќа.

Линијата е достапна во безвременската црно бела комбинација како и во впечатливо светли, сезонски нијанси.

Она што добро прилега на долна облека се кимоната, коишто доаѓаат во различни дезени. Покрај тоа палетата на производи вклучува и корсети коишто се максимално прилагодени за носење под облеката.

Слоганот за кампањата е „Art of Italian Lingerie", што секако ја вклучува и чипката како елемент на женственоста.

Освен на фотографиите, ја гледаме кралицата Џеј Ло и во кратко видео каде што нанесува шминка во градник и долен дел од свилени пижами.

 

Фото: Instagram

Објавено:
6 септември 2023
Категорија: 
Sweet 40+