Екс ангелите на Викторија Сикрет во нова кампања за брендот

11 август 2023

Брендот Victoria's Secret којшто за последен пат ја имаше својата ревија на долна облека во 2018-та, стартуваше нова кампања во која што се вклучени некои од најголемите имиња од модната индустрија.

Под слоганот There's an icon in all of us, кампањата ги вклучи иконите на моделингот Жизел Бундшен, Наоми Кемпбел и Адриана Лима.

На нив исто така им се придружуваа и помладите колешки како Хејли Бибер, Емили Ратајковски, Кендис Свејнпул и други.

Во промо видеата којшто се објавени на Инстаграм девојките заводливо позираат во новата долна облека на брендот, а во центарот на вниманието е градникот Icon.

Според главната дизајнерка на Victoria's Secret, Џени Шафер колекцијата го слави обликот на женското тело.

Новата кампњата на брендот се случува додека траат подготовките за првото ТВ шоу на Victoria's Secret кое што има за цел да ја врати компанијата повторно на сигурни нозе.

Објавено:
11 август 2023
Категорија: 
Актуел