Крај на една ера: Падот на ангелите на Victoria's Secret

21 јуни 2021

Брендот за долна облека „Victoria's Secret“ се збогува со секси моделите. Нема веќе спектакуларни ревии во декември, ангелите ги спуштија крилјата, а на нивнот место ќе дојдат реализирани и успешни жени.

Компанијата се најде пред банкрот, а воедно мораше да донесе и нови сопственици, кои пак донеса сосема нов концепт и стратегија. 

Оваа промена доаѓа како последицата од повеќе работи, почнувајќи од тоа дека сескапилот, слабите манекенки како и гламурозните шоу-а веќе не буделе интерес кај публиката, а со тоа ниту задоволителен финансиски приход, нула толеранција кон различни големини на телото и возрасти, па се' до скандалите со сопственикот, сексуален насилник и педофил Џефри Епштајн.

Реалните жени, инклузивноста, #bodypositivity извршиле влијание и поголемо одошто некој веројатно претпоставувал, па така Адриана Лима, Карли Клос, Бехати Принслу, Барбара Палвин, Стела Максвел и многу други сега ќе бидат „сменети“ со реализирани жени, познати актерки, спортистки...

И не, нема да носат долна облека, туку ќе бидат пример за позитивни промени.

Актерката Пријанка Чопра, фудбалерката Меган Рапино, манекенката Адур Акеч, која своевремено пребегнала од Судан во Австралија, фотографката Аманда де Каденет, кинеската скијачка Ајлин Гу, активистката и британска плус-сајз манекенка Палома Елсесер, како и трансродовата манекенка од Бразил, Валентина Сампајо се новите дами кои се избрани со својот пример да го вратат „сјајот“ на компанијата. 

Сите заедно ќе се појават на Инстаграм, а ќе бидат и дел од различни проекти кои компанијата ќе ги открива постепено.

„Кога работите се изменија, бевме премногу бавни за да реагираме. Некако моравме да престанеме да бидеме тоа што сме, тоа што мажите сакаат и она што сакаат жените да бидеме“, вели Мартин Ватерс, кој од минатиот февруари е извршен директор на брендот.

Сепак, дали ќе успеат во тоа и ќе го вратат брендот од „мртвите“ или навистина премногу бавно реагирале, ќе видиме во наредниот период.

 

Објавено:
21 јуни 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
2.109 пати