Последниве неколку месеци во јавноста се шепоти за наводната врска меѓу актерот Бен Афлек и пејачката Џенифер Лопез. И додека многумина мислеа дека е невозможно двојката да се смири, Бен и Џен изненадија.
Дејли Мејл објави заеднички фотографии од Бенифер, во автомобил откако според нивните извори, двојката минала неколку дена на романтично патување на луксузен имот во Монтана!
View this post on Instagram
Изгледа дека сепак, по 17 години пауза, искрата меѓу Џеј Ло и Афлек не згаснала, па двојката реши да и' даде втора шанса на љубовта. Џенифер и Бен се свршија во 2002 година, но ја одложија венчавката за 2003, за во 2004 година конечно да раскинат.
Инаку, Бен Афлек е одамна разведен од актерката Џенифер Гарнер, со која има 3 деца, а неодамна ја прекина и врската со девојката Ана де Армас. Џенифер Лопез, многу неодамна ја раскина свршувачката со Алекс Родригез, со кој беше во врска 4 години.
Со среќа Бенифер!