Овој викенд на својата фејсбук страна Бјорк напиша дека била сексуално злоставувана од дански режисер. Деновиве кога жените го симнаа од тронот кралот на Холивуд, Харви Вејнстејн, сè повеќе жените ги искажуваат гласно своите непријатни искуства. Бјорк не го именува предаторот, но Ларс вон Триер е единствениот дански режисер со кого има таа работено.
Тој јавно се огради од овие обвинувања и претпоставки од јавноста после нејзиниот пост. Бјорк работеше со него на извонредниот филм во 2000-та година „Dancer in the dark“ и за таа улога доби награда на Канскиот филмски фестивал, а после тој филм таа не сними ништо. Нејзината кариера во филмската индустрија се прекина.
„Немаше такви работи за кои Бјорк зборува. Но, далеку од тоа дека бевме пријатели “ - вели вон Триер.
Бјорк пак тврди дека откако го одбила режисерот откако тој ја нападнал сексуално, истиот тој почнал да зборува за неа дека е таа исклучително тешка за соработка. Бјорк додава дека е некако универзално правило режисерот да допира актерки, да ги малтретира после снимањето, како да е тој филм негова институција и дозволено му е да прави што сака со актерките.
Ларс вон Триер и порано бил обвинуван од страна на женските актерки како бил непријатен, секогаш злоставувачки расположен кон нив.
Тој во своја одбрана ќе каже: Возможно е да сум имал извесни искушенија, но сигурно не со сите.
Неговиот продуцент Јенсен вели дека и тој и вон Триер се жртви во оваа приказна.
„Таа жена е посилна од нас двајца заедно. Во филмот таа не чини 16 милиони долари“, вели тој.
Бјорк иснпирирана од сите жени кои гласно зборуваат за довчерашниот крал на Холивуд, ќе го напише постот на фејсбук, а на твитер ќе се приклучи кон кампањата #metoo преку која жените ги споделуваат своите непријатни искуства. Таа е позната и по својот глас против сексизмот во музичката индустрија.
Извор фотографии: Getty images, Google images